Русија, Украина, Германија и Франција не успеале да постигнат значителен напредок за испраќање мировни сили на ОН во источна Украина преговорите одржани во Берлин вчера.
На крајот преговорите на „Нормадинскиот формат“ прес-конференција одржа Хајко Мас, мнистерот за надворешни работи на Германија, кој изјавил дека се потребни натамошни разговори за прашањето.
„Во принцип двете страни се отворени за таква мисија на ОН. Како и да е, нивните позиции се се уште далеку што се однесува до основата на мандатот и оперативноста на мисијата“, рече Мас.
Тој додаде дека минисрите за надвоешни работи им дале инструкции на нивните политички директори да одржат натамошни разговори во наредните неколку недели со цел да најдат заеднички параметри за потенцијална мировна мисија на ОН.
„Нормандсикиот формат“ во понедлникот се сретна за прв по 16 месеци пауза и средбата се случи во време кога се интензивирани судирите и жртите во конфликтната зона во Донбас.
Од германска страна е нагласено дека сите страни ја повториле заложбата да се држат до обврските со Договорот за примирје од Минск.