БЕЗ ДОПИР СО РЕАЛНОСТА: Ковачевски тврди дека Македонија ја поставиле како светилник на напредок

/ 25.06.2023

„Без разлика дали преку дипломатија, политика, економија или култура, … Македонија ја поставивме како светилник на напредок и рамноправен партнер на глобалната сцена. Разликата помеѓу резултатите на СДСМ со оние на нашите политички опоненти е толку голема, што може да кажеме дека од другата страна, за жал, немаме речиси ништо. Од земја во изолација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ станавме членка на НАТО и почнавме преговори со ЕУ. Од заробена држава со ВМРО-ДПМНЕ, станавме земја – рамноправен партнер на САД и ЕУ со СДСМ. Од земја корисник на мировни мисии, со СДСМ станавме земја домаќин на регионални договори“, рече лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на трибината „МК во ЕУ до 2030“, “Резултати што прават разлика“, денеска во Куманово.

„Од земја извор на кризи со СДСМ станавме пример за мирно решавање на конфликти и дома и со соседите и тоа по пат на дијалог. Со СДСМ станавме фактор на регионална стабилност и пример во регионот, земја во која се депонирани потписите од договорите меѓу земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес“, потенцира Ковачевски.

Според него, државните успеси и позиционирањето на држава на меѓународен план се најсилен доказ и најголем показател за резултатот на државничките политики на СДСМ и додаде дека „како резултат на позитивните политики на СДСМ, денес седиме на главните маси каде се одлучува за иднината на Европа и светот“.


Од истата категорија