Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека:

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

20.12.2025 година (сабота) :

Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Љубанци, поточно делот кон Црквата Св. Јован. ( Општина Бутел )

21.12.2025 година (недела) :

Од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Џон Кенеди, (корисниците во околината на Веро -Маркет) и дел од ул. Кемал Сејфула, (корисниците во близина на Стадионот). ( Општина Чаир )