Бездомник од главната станица во Амстердам вратил паричник што некој го заборавил во возот со речиси две илјади евра, соопшти локалната полиција, а за тоа бил награден.
Хаџер ал-Али, 33-годишен маж, кој нема постојан дом веќе 18 месеци, пронашол паричник додека барал пластични шишиња.
Во паричникот имало речиси две илјади евра, но немало лични документи, ниту начин како да се стапи во контакт со неговиот сопственик, соопшти полицијата.
„Бидејќи веруваме дека чесноста се исплати“, Ал-Али доби признание во вид на сребрена статуетка и подарок ваучер од 50 евра, соопштија властите.
Доколку никој не се јави за паричникот во рок од една година, парите ќе му бидат дадени на оној што ќе ги најде.
„Не е важно што ќе најдам, секогаш го враќам назад“, рече Ал-Али во видео споделено од локалниот медиум „Де Стентор“.
„Можеби сопственикот има фирма и може да ми обезбеди работа или сместување, каде што би можел да живеам. Никогаш не се знае“, додаде тој.