Српската државна телевизија РТС отворено се вклучи во пропагандата против уставните измени во Македонија кои се задолжителен услов за почеток на преговори во Скопје за членство во ЕУ, пишува бугарската новинска агенција БГНЕС.
Во опширниот извештај, кој беше насловен „Дали Македонците ќе станат малцинство во татковината“, според БГНЕС, сугерира дека „Бугарите го оспоруваат идентитетот на Македонците”.
– Пред 5 години РСМ го смени името како услов да продолжи со евроинтеграцијата, но сега Бугарија постави бариера и сака Бугарите да бидат регистрирани како малцинство во преамбулата на уставот, а претставуваат само 0,19 отсто од населението, се вели во извештајот.
Во информациите на РТС, покрај „опасноста од Бугарите, не е испуштена и другиот дежурен непријател – Албанците кои го загрозуваат интегритетот на државата“, пишува БГНЕС.
– Аргументите против „опасните измени на Уставот“ на РТС целосно се поклопуваат со пропагандата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој ги плаши сонародниците дека „бугарскиот диктат“ секој ден по донесувањето на т.н „француски предлог“ кој го отвора патот на земјата за преговори за членство во ЕУ, коментира БГНЕС.