Проруска македонска националистичка организација испратила мејл со закани за бомби до училишта во Стара Загора, Бугарија, информира агенцијата БГНЕС.
Како што се појаснува, ова може да се види од мејлот кој пристигнал до директорката на училиштето.
-Ние сме организација на македонски националисти. Доста ни е од Бугарија и нејзината политика. Сите училишта во Стара Загора ќе бидат разнесени од нашите бутански бомби. Сите ваши деца ќе загинат. Слава на Македонија. За Русија, стои во содржината на заканувачката порака.
Бугарија пред избори повторно се соочува со голем број закани за бомби, особено во тамошните училишта. Од понеделникот неколку училишта во Софија добиле заканувачки пораки. Нивниот број не е наведен. После проверките, сите биле утврдени како лажни.