Иранската авиокомпанија „Махан ер“ , поврзана со Иранската револуционерна гарда, превезувала патници заразени со Ковид-19 и со тоа допринела во ширење на вирусот на Блискиот Исток, објави Би-Би-Си.
Компанијата превезувала заразени патници од Иран во Либан и во Ирак, по што во двете земји се појавиле првите случаи на новиот коронавирус.
Неименуван извор од од авиокомпанијата тврди дека членовите на екипажот од авионот на „Махан ер“ биле замолчени кога се обиделе да покажат загриженост и да укажат на несоодветни превентивни мерки на летовите кон Либан и Ирак.
Според евиденциите за воздушен сообраќај во Централна Азија, константирано е дека авионите на „Махан ер“ повеќе пати летале и за Кина и покрај забраната на Иран за воздушен сообраќај.
Иранската авиокопманија одби да ги коментира наводите на Би-Би-Си.