Се чини дека Приштина е најгрдиот град во Европа, оценува репортер на Би-Би-Си, кој лани се нашол во близина на булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“ во тој град во Косово.
Репортерот наведува дека уредно ја платил хотелска соба без вода и се одлучил да ги искористи следните два дена за обиколка на градот изграден во комунистички стил со бетонски блокови и со валкани улици.
-Не мислам дека ова е најлошиот хотел во светот, но само затоа што светот е многу голем, изјави претседателот на Косово, Хашим Тачи за државниот хотел „Гранд”, потсетува Би-Би-Си и додава дека во култната емисија „Лонли планет“, Приштина е опишана како „едно од малкуте естетски места“, а „Бостон Глоуб” како „најгрда и најсмешна престолнина во Европа “.
Првото место кое го посетил репортерот на Би-Би-Си била Националната библиотека на Косово, која порталот „Виртуелен турист“ и го додели престижното признание за најгрдата зграда.
Отворена е во 1982 година, а нејзината ограда најмногу потсетува на затвор.
За него е иронија тоа што во Приштина се наоѓа катедралата Мајка Тереза, а пред сѐ затоа што Ватикан не ја признава независноста на Косово, но и поради тоа што 90 проценти од граѓаните на Косово се со исламска вероисповест.
Тој вели дека до 14. век поголемиот дел од албанското население биле христијани и дека дури по турското освојување се сѐ променило, а сега христијаните сочинуваат само три проценти од населението.
Патот на независност не мора да доведе до напредок, констатира репортерот и додава дека „без парите, кои доаѓа од странство, економијата целосно би се распаднала”.
Репортерот вели дека косовскиот суверенитет е признат од 114 од вкупно 193 земји во ОН.