Тројца осомничени шпиони за Русија во Велика Британија се уапсени и обвинети во голема истрага за националната безбедност, открива „Би-Би-Си“.
Обвинетите се бугарски државјани и беа приведени во февруари и оттогаш им е одреден притвор. Наведено е дека тие работеле за руските безбедносни служби.
Имињата на осомничените се Орлин Русев, 45, од Грејт Јармут, Норфолк, Бизер Џамбазов, 41, од Хароу, северозападен Лондон и Катрин Иванова, 31, од истата адреса на Хароу.
Тие поседувале лажни лични документи меѓу кои пасоши, лични карти и други документи за Велика Британија, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.
Осомничените со години живееле во Велика Британија, работеле на различни работни места и живееле на различни места во Англија.
Русев има историја на деловни зделки во Русија. Тој се преселил во Велика Британија во 2009 година и поминал три години работејќи техничар во финансиски услуги.
За Џамбазов се знае дека бил возач за болници, додека Иванова се опишува себеси на нејзиниот онлајн профил на „Линкдин“ како лабораториски асистент за приватен здравствен бизнис.
Според бугарските државни документи на интернет, тие работеле и за изборните комисии во Лондон кои го олеснуваат гласањето на бугарските избори за граѓаните кои живеат во странство.
Британските служби велат дека Руската служба за безбедност има напревено бројни атентати во територијата на Велика Британија, и акциите за апсење на осомничени дека се руски шпиони одговорни за тоа.