Би-Би-Си: Рускиот опозициски лидер Навални затруен во авион и пренесен во болница

/ 20.08.2020

Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални е хоспитализиран во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш, јави Би-Би-Си.

Јармиш на Твитер објави дека за време на летот од Томск кон Москва, на Навални му се слошило и авионот морал под итно да слета во Омск.

Таа наведува дека Навални е отруен, односно дека во авионот нешто му било ставено во чајот, а болницата каде што бил примен потврди дека станува збор за труење.

Навални (44) е најгласниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин. Во јуни тој гласањето за уставните реформи го оцени како „пуч“ и „кршење на уставот“. Реформите на Путин му овозможија да добние уште два мандата.


Од истата категорија