На ТикТок се прошири видео од млада германска келнерка со неверојатни вештини. Русокосата девојка во рацете држи 15 литри пиво и сама ги носи кај гостите.

Момчето кое го објави видеото вели дека снимката е направена на Октоберфест, додека некои тврдат дека девојката уште работела и на Хербстфест во Розенхајм. Серпак, најмалку е важно каде е снимено видеото, а поважно е пораката што ја доби девојката.

Омажи се за мене“, напиша момчето кое го објави видеото на TikTok.

Таквиот негов коментар, но и самиот видео доби огромен број лајкови, но и голем број коментари.

„Тотално би се оженил со неа“, „Можно ли е ова“, „Носи 15 литри пиво“, „Можно ли е да е толку силна“, пишуваат луѓето што ја виделе снимката.

Видеото за кратко време доби преку 1,7 милиони пати.