Според најновите истражувања, чајот од маслинови лисја има повеќе антиоксиданти од зелениот чај, кој е познат како еден од најдобрите.
Иако на самата помисла на маслинки, најмногу визуелизираме вкусен и здрав плод, исклучително е корисен и лековит листот на маслинките. Имено, историјата на ова растение стигнува до далечно минато, тоа е дрво кое може да живее до 3000 години.
Маслинките се споменуваат повеќе од 1.000 пати во Библијата
Препаратите од маслинови лисја биле користени и од старите Египќани, а во Библијата се спомнуваат повеќе од 1000 пати.
Маслиновиот лист има многу лековити својства. Најактивното соединение во лисјата од маслинки, кое главно е врзано за терапевтско дејство, се нарекува олеуропеин (горчлив монотерпен гликозид). Токму ова соединение и производите од неговото хидролитичко распаѓање е вистинско антибактериско дејствување.
Лисјата од маслинки се многу лековити
Маслиновиот лист помага при воспаление на белите дробови, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес и др. Исто така, помага при воспаление на уринарниот тракт и хируршки инфекции. Маслиновиот лист е докажано дека спречува габични инфекции.
Соединенија на маслиновите лисја го зајакнуваат имунитетот, ја зголемуваат енергијата на организмот, имаат антивирусно, антипаразитивно, антибактериско и антифунгално дејство, ги намалуваат, па дури и елиминираат многу здравствени проблеми, го намалуваат крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ).
Чај од маслинови лисја – рецепт
За чај од 2 до 3 dcl, потребни ви се 15 до 20 сушени маслинови лисја. Зовријте ја водата, ставете ги листовите во неа и гответе уште 2 до 3 минути. Оставете ги листовите да стојат во вода уште 10 минути, а потоа отстранете ги. Не е добро листовите да стојат во вода премногу долго.
Чајот од маслинови лисја можете да го пиете ладен или топл со мед, лимон или ништо. Пијте го секој ден за да имете подобрување од разни заболувања.
Чајот се препорачува да се пие и превентивно. Вкусот е благ. Лисјата за чај најдобро е да се берат на пролетта кога се млади. Измијте ги и исушете ги, и можете да ги чувате во затворен сад.