Во Босна и Херцеговина има 752 лица кои имаат сто или повеќе години. Најстар е жител на Сараево кој наполни 114 години, покажуваат податоците на Агенцијата за идентификациски документи, евиденција и размена на податоци на БиХ. Статистиката покажува дека има многу повеќе жени кои имаат сто и повеќе години.
– Од вкупниот број на стогодишници, мажи се 214, а жени 538, изјави претставник на Агенцијата. Најмногу стогодишници живеат во Мостар, дури 46, од кои 13 се мажи а 33 жени, пренесува порталот Кликс.
До пред два месеци во БиХ имало 769 лица постари од сто години, меѓу кои бројот на жените бил двојно поголем од мажите.
Најстарата личност во БиХ е роден на 25 септември 1904 година, кој живее на подарачјето на општина Стари град во Сараево.
Најстарата личност во светот е 115 -годишната Кане Танака. Се верува дека најдолговечната личност во светот до сега била Французинката Жан Калмен, која живеела 122 година и 164 дена.