Босанската полиција денеска во реонот на Сараево заплени над 100 килограми сканк, при што се уапсени три лица.
Дрогата е пронајдена во возило марка „Рено Кангу“, на наплатна рампа на автопатот А-1, кај местото Хаџиќи.
При акцијата се уапсени возачот на „Реното“ и неговиот совозач, како и уште едно лице, кое управувало со автомобил марка „Фиат Поло“ со загрепски регистарски таблички, што се движел во нивна придружба.
Против приведените е покренато обвинение за „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги“.
Во петокот, босанската полиција на преминот Градишка на границата со Хрватска, заплени 400 килограми сканк, сокриени во камион што превезувал обувки за Германија.