Македонски државјанин со фалсификувани бугарски документи се обидел да влезе на територијата на Босна и Херцеговина, но при проверка на документите гранична полиција во Бијелина го открила и го привела.
Тој поседувал лажен бугарски пасош, фалсификувана лична карта и лажна возачка дозвола.
Фалсификуваните документи кај лицето се откриени при проверка на автобус што патувал на линијата Белград-Бања Лука, јави БГНЕС.