Во возачките дозволи во БиХ наскоро ќе биде наведено дека возачот се согласува неговите органи да бидат донирани во случај на смрт.
Станува збор за измена и дополнување на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во БиХ, а таа опција е дефинирана во случај кога некое лице потпишува ваква изјава кога поднесува барање за возачка дозвола.
Законот беше усвоен од Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина на предлог на Дамир Арнаут.
Арнаут на Твитер напиша дека ова е нормална пракса во светот, да се запише во возачка дозвола ако некое лице сака да донира органи во случај на смрт.
– Не се троши време на согласност на семејството во ситуации кога секоја секунда е битна. Бројни животи се спасуваат, изјави Арнаут за сараевски медиуми.