Министерството за внатрешни работи на Република Српска ќе преземе засилени безбедносни мерки поради утрешната посета на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој ќе престојува и во Источно Сараево.

Меѓу мерките е и забрана за сообраќај на делницата на магистралниот пат Сараево – меѓуентитеска линија Кула – Источно Сараево.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина на 14 и 15 декември. За време на престојот во БиХ, Лавров ќе одржи официјални средби со членовите на Претседателството на БиХ, министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, но и одделна средба со претседателот на Претседателството на БиХ Милорад Додик.

По официјалната дводневна посета на БиХ, Лавров ќе отпатува во Белград, на средби со српскиот државен врв.