Во сезоната на индиските венчавки, ова можеби е најпривлечната и најгламурозната, и тоа не е само поради тоа што на неа како гостинка присуствуваше Хилари Клинтон, или поради настапот на Бијонсе, туку затоа што и невестата и момчето потекнуваат од милиијардерски семејства.
Имено, Ајша Амбани е американска универзитетска воспитаничка и ќерка на мултимилијардерскиот индустријалец Мукеш Амбани, кој се смета за најбогатиот човек во Индија. Според „Форбс“, неговото богатство е проценето на над 43 милијарди долари.
Младоженец е Ананд Пирамал е син на Аџеј Пирамал, исто така индустријалец, кој тежи 10 милијарди долари.
Самото венчање ќе се случи денеска, но прославите траат уште од веридбата, која се случи во септември. Главната претсвадбена гала свеченост се случи викендов во Бомбај во раскошна палата од 16. век каде беа поканети голем број боливудски ѕвезди, поранешниот американски државен секретар Џон Кери, како и неговата претходничка Хилари Клинтон, која ги покажа своите танцувачки вештини со индискиот глумец Шах Рук Кан.
Oнa што исто така привлече особено внимание е мини-концертот на американската Ар-ен-би ѕвезда Бијонсе.