Eден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс во разговор со Патрик Колисон, ко-основачот на Мајкрософт рече дека новата генерација треба да биде свесна и загрижена за најмалку четири големи глобални предизвици.
„Кога бев млад, имаше само еден голем страв – нуклеарна војна. Тоа беше она што тогаш го разбрав и што навистина ме загрижуваше“, рекол Гејтс. Денес, вели тој, списокот на потенцијални закани е многу подолг.
Покрај нуклеарната војна, која останува реална закана, помладите генерации сега треба сериозно да размислуваат и за климатските промени, биотероризмот, пандемиите, како и за развојот на вештачката интелигенција.