Немирниот Бил Клинтон, беше уловен од камерите како буквално со поглед ја „соблекува“ Аријана Гранде.

Пејачката беше гостин на испраќањето на Арета Франклин и имаше своја изведба, а поранешниот претседател на САД не го симна погледот од неа додека таа пееше.

Младата пејачка беше критикувана поради облеката одбрана за тажниот настан. Иако беше во црно, облеката одвај и го покриваше задниот дел, а длабокото деколте преку кое се подаваа градите, уште повеќе ги засили критиките.