Шефовите на УЕФА веќе одлучија во кој град ќе се одржи последната фаза од Лигата на шампионите.
Според „Билд“, Лисабон ќе биде домаќин на мини-турнир. Главниот град на Португалија победи во конкуренција на Франкфурт и Москва.
Неколку фактори одат во корист на Лисабон. Како прво, сите португалски клубови веќе се надвор од европските турнири, што значи дека другите екипи ќе бидат поставени под еднакви услови.
Покрај тоа, епидемиолошката состојба во градот е поповолна од онаа во Франкфурт и Москва, а да не се занемарува е присуството на два големи стадиони близу едни до други.
УЕФА и официјално ќе објави како ќе помине остатокот од сезоната во ЛШ на 17 јуни. Од четвртфиналето па наваму, елиминациите се очекува да бидат во еден натпревар.
Финалето на турнирот е закажано за 29 август.
Атлетико Мадрид, Пари Сен Жермен, РБ Лајпциг и Аталанта веќе се квалификуваа за четвртфиналето.
Треба да се одигра реваншот во останатите 4 двојки: Манчестер Сити – Реал Мадрид, Јувентус – Лион, Баерн (Минхен) – Челси и Барселона – Наполи.