Ракометниот клуб Вардар денеска ги пушти во продажба поединечните билети за следните два домашни натпревара, во ЕХФ Лигата на шампионите против Порто, и потоа во СЕХА Газпром лигата против Нексе.

Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ (секој работен ден од 10 до 18 часот) и онлајн преку тикет плус.  

Вардарци в недела на 22 септември од 17 часот, го пречекуваат Порто, а доколку сакате да им помогнете да ја остварат втората победа сезонава, ќе треба да одвоите 350 денари за трибините и 400 денари за А блок.

Два дена подоцна, европскиот првак од 20:45 часот игра со Нексе. Цената на билетите е 50 денари