Популарниот зачин ловоров лист може да се користи не само за зачинување на оброците – туку од него можете да направите медицински пијалок за прочистување на телото од акумулираните токсини и соли.
Зошто е потребно телото периодично да се прочистува?
Токсините кои се акумулираат во телото, ја попречуваат правилната функција на органите, а тоа значи дека организмот слабее и полесно се разболуваме.
Ако чувствувате постојана тежина во главата или забележувате недостаток на апетит, имате подочници или брзо се заморувате, веројатно треба да му направите детоксикација на вашето тело.
Пијалак за чистење на токсини со ловоров лист
Состојки: 5 листови од ловор, 300 мл вода.
Начин на подготовка: Ставете тенџере вода на оган и почекајте да зоврие. После тоа, додајте го зачинот во врела вода и оставете да зоврие 5 минути. Тргенете го од огнот и процедете. Најдобро е да ја истурите течноста во термос и да ја оставете да отстои три часа.
Земајте мали голтки во текот на денот, важно е да не ги испиете пијалакот одеднаш. За детоксикација, се препорачува пијалакот да се пие три последователни дена, потоа да се направи пауза од една недела.
Можно е додека го пиете пијалакот урината да ја менува бојата, да добие бледорозе боја.
Немојте да се исплашите, тоа е сосема нормално и значи дека ловоровиот лист ја извршува работата и чисти сол и токсини од телото.
Целосниот ефект на овој пијалак ќе биде евидентен по две недели. Само тогаш ќе почувствувате дека сте живи повторно и полни со енергија, а другите несакани симптоми што одат со акумулација на токсини, целосно ќе исчезнат.