На подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера во 15 часот го лишиле од слобода Ф.Г.(21) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 20 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се 11 мерки за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила. Ноќеска во периодот од 23 до 4 часот утрово, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив 38 на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Охрид… Вчера во периодот од 12 до 18 часот МВР спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 25 возачи. Од нив 22 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а три надвор од населено место. Притоа, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола, при што санкционирани се шест возачи. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се осум прекршоци.