Главниот извршен директор на Ферари, Матија Биното, одговори на критичарите кои почнаа да го обвинуваат поради судирот меѓу Фетел и Леклаер на трката од Формула 1 шампионатот одржана минатиот викенд во Бразил.
– Кога се обидовме да управуваме со нашите возачи оваа сезона, бевме критикувани за тоа. И сега, кога возачите се слободни да се борат едни со други, повторно почнуваме да бидеме критикуваме и пак не чиниме.
Тимот секогаш има причини да дејствуваат на еден или друг начин и да им овозможат на возачите да се борат правилно.
Да, се разбира, кога вашите возачи се судираат – тогаш нешто не е во ред. Но, кога возачите имаат слобода да се борат едни со други, тие тоа го прават и понекогаш ризикуваат. Во случајот на Гран-при на Бразил, ризикот беше неоснован, додаде првиот оперативец на Ферари.
Во Бразил двата возача на Ферари имаа контакт на патеката по кој им се оштетија болидите и на крајот останаа без пласман.