Фармацевтската компанија Бионтек денеска соопшти дека сака да ја користи технологијата мРНА, која е применета на нејзината вакцина против коронавирусот, за борба против маларијата.
Германската компанија, која ја разви првата широко одобрена вакцина против коронавирусот заедно со американскиот партнер Фајзер, планира да почне клинички испитувања за безбедна и високо ефективна вакцина против маларија до крајот на следната година.
Бионтек информира и дека сака да отвори фабрика за производство на мРНА вакцини во Африка, која спаѓа во регионите кои се борат да добијат доволно дози од вакцината против Ковид-19.
Компанијата претходно соопшти дека работи на кандидат за вакцина против туберкулоза, за која клиничките испитувања треба да започнат во 2022 година, како и на терапии за неколку видови карцином.