На 64-тиот натпревар за песна на Евровизија , што ќе се одржи во Тел Авив , Израел , Македонија не се споменува меѓу фаворитите на обложувалниците. Русија ја претставува Сергеј Лазарев , кој пред три години во Стокхолм го зазеде третото место, а сега има шанси за победа со песната „Scream”. Тој е театарски актер и го игра Ромео во театарот ,,Пушкин “ во Москва.
Алесандро Махмуд ќе ја преставува Италија со автобиографската песна „Soldi”. Неговата главна опсесија му се покемоните , а глевен идол му е Фреди Меркјури.
Данкан Лоренс е првиот Холанѓанец , кој со недели високо котира на обложувалниците за победа на Евросонг. Тој во Тел Авив ќе ја пее песната „The Voice” , а поддршка ќе добива од неговото момче. Тој за себе вели дека е бисексуалец и дека се заљубува во личност , без оглед од кој пол е .
Швајцарецот Лука Хани со песната „She Got Me”исто така котира високо за победа. Тој работел како модел за машка долна облека , а најдобро се релаксира во пропшетките со неговата чивава.