Ако зголемувањето на цената се ориентира според поскапувањето на природниот гас, тогаш цената на парно-греењето треба да се зголеми за 150 отсто, но државата ќе преземе мерки на ублажување, изјави денеска Марко Бислимовски, директорот на Републичката комисија за енергетика.
Новата цена на парното ќе биде соопштена в петок.
На БЕГ, компанијата која беше одговорна за парно-греењето во Скопје, ѝ се одземени сите лиценци, па Владата ја задолжи ЕСМ да формира три фирми за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.