„… Македонија нема алтернатива освен патот во Европската Унија. Затоа треба сите политички субјекти и граѓани да направиме се за да успееме и европските вредности да станат дел од начинот на живеење“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Жешко политичко лето“ на Канал 5.
Тој додаде дека рано е да се цени каква ќе биде политичката ситуација за менувањето на уставот и додаде дека нема простор за тензии.
„Само преку политичка дебата може да ги соочиме ставовите, бидејќи така и повеќе ќе не ценат тие што го следат процесот на евроинтеграциите“ рече Спасовски.
Министерот додаде дека во Собранието ќе се изенсат сите аругменти, зошто е добро Бугарите, Црногорците, Хрватите и други народи да влезат во Уставот, а ќе се слушнат и аргументите против.
„На крајот треба да преовладува интересот на државата. Јас сметам дека сите треба да влезат во Уставот, посебно тие што викаат дека ние сме еден народ. Вака кажуваме дека Македонците се посебен народ, со сопствен идентет, сопствен јазик“ рече Спасовски.