Непознати сторители ја откорнале бистата на еден од најпознатите македонски поети, Анте Поповски, која е поставена во центарот на Струга, а потоа ја фрлиле во езерото.
Најверојатно чинот се случил синоќа, а утринава случајни минувачи ја забележале откорнатата биста на дното на езерото. Глетката ја пријавиле кај надлежните од фестивалот „Струшките вечери на поезијата“ кои се главни иницијатори за поставувањето на овој и на уште дестина други споменици во чест на поетите во Струга. За настанот е известена и полицијата.
Истовремено, бистата на писателот Славко Јаневски е оштетена и свртена наопаку на постаментот.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувајќи дека полициски службеници извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.
– Настанот е пријавен во ОВР Струга, полициски службеници веднаш излегоа на терен да извршат увид на лице место. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски.