СДСМ против СДСМ во Собрание. Екс вицепремиерот за економски прашања гласаше против формирањето на комисиите во законодавниот дом, а воздржан за дневниот ред на кој Јован Митрески беше предлог за потпретседател на Собранието.
Одлуката на Битиќи според информациите на ТВ24 од собраниски извори, е револт на Битиќи бидејќи иако бил во најтесен избор за претседател на комисијата за финансирање и буџет , како екс вицепремиер за економски прашања, претседателското место го добила директорката на УЈП во заминување и заменик претседателка на СДСМ во оставка Сања Лукаревска., а заменичкото екс министрерката за труд и социјала Јована Тренчевска.
Битиќи останува член во оваа комисија, и заменик член во анкетната комисја за слободите и правата на граѓаните . Од комсиите кои денеска поминаа интересна е и комисијата за надворешни работи, која ќе ја води Муса Џафери.