Терминот 20% нема да бидат заменет со зборовите „албански јазик“ во Уставот, соопшти вицепремиерот и заменик-претседател на СДСМ, Фатмир Битиќи. Според него, освен промената на Преамбулата со вклучување на Бугарите во Уставот, експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени во највисокиот правен акт на државата. Тој е уверен дека парламентарното мнозинство ги има потребните 80 гласови за уставни промени. Битиќи ги даде овие коментари во емисијата „200“ на Алсат, која се емитува вечерва во 22:20 часот.
„Работната група која има мандат за уставни измени соопшти дека нема мандат ниту за измени, ниту за дискусии за други уставни измени, освен за оние кои се однесуваат на европскиот пат. Мислам дека нема пратеник Албанец кој ќе гласа против евроинтеграциите. Секоја друга дискусија ја гледам како дел од дневно-политичката агенда од различни причини. Убедени сме дека и во македонскиот опозициски блок разумот ќе надвладее и ќе направат мнозинство за уставни измени“, рече Битиќи.