Утрово во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, со утринска богослужба и Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше
неговото преосвештенство Епископ Велички г. Никола во сослужение со свештенството, започна одбележувањето на Денот на заштитникот на Битола, „Свети Нектариј Битолски“.
На Светата Божествена Литургија присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски.

Потоа, следуваше Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски“, а во чест на патронот и заштитникот на Битола „Свети Нектариј Битолски“.
Градоначалникот Тони Коњановски, испрати честитка по повод празникот, посакувајќи доброто, секогаш да биде наша водилка на патот кон успехот.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас.
Секојдневието да го исполниме со љубов, меѓусебно почитување и добрина кои ќе не водат кон исполнување на високите вредности, со кои ќе ја
градиме иднината на Битола, иднината на сите нас и генерациите кои доаѓаат“, рече градоначалникот Коњановски, честитајќи го Денот на
заштитникот на Битола.




