Од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола денеска преку соопштение велат дека не се потрошени 60.000 евра за храна за кучиња во локалното прифатилиште.
Според нив, до крајот на 2024 година биле потрошени 98.000 денари (околу 1.600 евра), а се очекува до крајот на рамковниот тендер вкупната потрошена сума да изнесува околу 6.000 евра.
Од претпријатието појаснуваат дека набавката е дел од рамковен договор склучен во септември 2024 година, по добивањето дозвола за работа од Агенцијата за храна и ветеринарство.