Стотици битолчани вечерта ќе ја поминат под отворено небо доколку тлото не се смири. По првиот најсилен земјотрес од 5.8 степени по Рихтеровата скала, во Лерин, на само 15 км од Битола, се случија уште два земјотреси, од 3,5 и 4,2 степени. Вториот земјотрес (3,5 степени) бил на 19 километри од Битола, додека пак третиот (4,2 степени) беше на 10 километри од Лерин.

Според објавите по социјалните мрежи, не само што многу битолчани излегоа ан улиците, туку многу семејства со автомобили тргнале кон излезите од градот со цел да го напуштат, што нема никаква смисла бидејќи според експертите главниот удар веќе се случи.

Во Битола засега има поголемо оштетување на една стара градба и пукнатини по ѕидовите во некои згради.