Попладнево на плоштадот “Магнолија“ во Битола, се одржа протест кој го организира новиот иницијативен одбор кој е формиран пред неколку дена пред седиштето на Здруженито на пензионери од Битола каде се организира протест, информира Bitola news. Во новиот иницијативен одбор има 19 членови.
Претседателот, Дано Чолаковски, во име на иницијативниот одбор зборуваше на “Магнолија“ и рече:
-На протестот во петокот присутните го изразија незадоволството од работењето на Здружението на пензионери и од висината на пензиите. Сите здруженија од Битола, Могила и Новаци бројат над 18.000 членови и сме најбројни. Зборувавме за повеќе проблеми, но сега ќе зборуваме само за зголемувањето на пензиите, односно за причините за вака мали пензии и усогласувањето на пензиите. Голем е бројот на пензионери кои имаат минимални или просечни пензии, а тоа изнесува од 70 до 80 проценти од вкупниот број на пензионери.
-Затоа бараме најниска мининална пензија да биде над 18.000 денари, линеарно да се зголема пензиите на сите за 8.000 денари и така зголемената пензија да биде основица на понатамошна исплата, рече за барањата на пензионерите Чолаковски.
Од протестот беше испратена поддршка за централниот протеср во Скопје на 14 август, а потоа се одржа мирен протестен марш од “Магнолија“ до Офицерски дом со кој пензионерите го искажаа незадоволството.Новиот протест пензионерите го закажаа за вторник на 15 август.