Бившиот министер за странски инвестиции, Глигор Ташкович ја добил МКарта од Бујар Османи кон крајот на јуни 2022 година, но неделава дознал дека со неа ќе има привилегии при влез на македонските аеродроми.
Во разговор за „А1он“, Ташкович рече дека едвај чека да и служи на земјата и добивањето на картичката, за која најзаслужен бил генералниот конзул во Њу Џерси, Јордан Панев, му претставува голема чест.
– Имам остварено многу значајни проекти самиот, но и со мојот кабинет од 2006 до 2008 година и со други луѓе во периодот од декември 2017 до декември 2019 година, проекти кои ја направија нашата земја подобро место за живеење. Треба да се истакне дека картичката е со важност од само 48 месеци. Со други зборови, тоа не е доживотна чест и не е јасно дали продолжувањето е автоматско или не. Сакам да му се заблагодарам на генералниот конзул Јордан Панев за тоа што се досетил да ме номинира. За мене е ова голема чест и со нетрпение очекувам да и служам на нашата земја во дополнителни улоги во иднина – истакна Ташкович за „А1он“.
Тој ја добил картичката кон крајот на јуни 2022 година, но бил информиран дека се уште не биле одредени поволностите за носителите на картичката. Дознал неделава од заменик генералниот конзул Никола Ѓорчев дека ќе има привилегија за брз влез на аеродромите во Скопје и во Охрид која ќе ја користи при своите посети.
Опширно од статијата на А1он што може да ја отворите ТУКА.