Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој завчера беше пренесен во болница во Германија, ќе преживее, откако беше отруен, изјави Јака Бизлиј, активист и основач на Фондацијата „Филм за мир“.
-Ќе го преживее нападот со труење, но со месеци нема да биде способен за политичка работа, за „Билд“ изјави Бизлиј, чија фондација го обезбеди трансферот на Навални од Русија во Германија, пренесуваат британските медиуми.
Навални од болницата во сибирскиот град Омск во сабота беше префрлен во Германија, откако лекарите утврдиле дека се наоѓа во доволно стабилна состојба да патува.
Рускиот опозиционер и блогер во моментов е во индуцирана кома и е сместен во единица за интензивна нега во болница „Чарите“ во Берлин.