Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска им се заблагодари на Србија и на српскиот народ за сета помош и емпатија дадена по трагедијата во Кочани, јави МИА од Белград.
Муцунски и се заблагодари на Србија што сместила голем број пациенти во здравствени установи и е меѓу првите што им помогнала.
„Ви благодариме што сместивте голем број пациенти и направивте се што е потребно. Вашите министри, премиерот Вучевиќ и министерот Марко Ѓуриќ, беа меѓу првите што ни се јавија, не само за да покажат емпатија, туку и да дадат поддршка и помош“, рече тој.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ се потпиша во книгата на жалост во македонската амбасада во Белград.
Вучевиќ во име на Владата на Србија и на сите граѓани на Србија изрази длабоко сочувство и сочувство до министерот Муцунски, за огромната трагедија што ја доживува земјата по пожарот во Кочани.
„Го молиме Бога да им даде сила на семејствата на загинатите и да им помогне на повредените и лекарите насекаде, не само во Србија и С. Македонија, туку и во Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Австрија, каде и да се наоѓаат пациентите, да ја издржат оваа битка и да се вратат во своите домови и семејства“, рече Вучевиќ.