Алехандра Мариса Родригез, адвокатка и новинарка, неодамна ја освои титулата Мис Буенос Аирес и се квалификуваше за изборот за Мис на Аргентина
Можеби веста не ви е премногу интересна, но кога ќе слушнете колку години има – сигурни сме дека ќе се шокирате.
На крајот на 2023 година, изборот за Мис Универзум ја укина старосната граница, која се применуваше од 1958 година. Поради оваа причина, изборот повеќе не е ограничен на натпреварувачки на возраст од 18 до 28 години.
Потребно е само тие да се полнолетни, што отвори надеж и за Алехандра.
Причината? Многу едноставно – жителката на Буенос Аирес има 60 години, а на неодамнешното натпреварување победи многу помлади девојки.
„Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги скршиме бариерите“, рече таа.
Нејзиниот младешки изглед предизвика бурни реакции на интернет, а многумина беа шокирани од фактот дека таа може да биде нивна баба!
Следниот натпревар за Мис Аргентина се одржува на 25 мај, а се верува дека таа има шанса да победи, пренесува Oddity Central.
Зборувајќи за својот изглед и за тоа како успева да изгледа младешки, Алехандра открива дека вежба три пати неделно, повремено пости и се труди да се храни здраво. Исто така, користи добри креми за кожа.
Алехандра е разведена и живее сама, а се пошегува дека „нејзиниот статус“ можеби придонел за нејзиниот успех на неодамнешното натпреварување.
„Мислам дека судиите ја видоа мојата самодоверба и страст да ги претставувам жените од мојата генерација. Убавината нема рок на траење, за да бидеш убава само треба да веруваш во себе и да бидеш автентична“.