И годинава во срцето на Њујорк блесна огромната елка пред Рокфелер центарот – традиција која трае повеќе од 90 години.

Илјадници њујорчани и туристи, присуствуваа на традиционалното вклучување на светилките, а целиот настан беше придружен и со музички перформанс, каде свој настап имаа и Backstreet Boys..

Инаку, годинешната елка, која беше исечена на 7-ми ноември, е дрво старо околу 70 години, украсено е со 3 милиони кристали.