Жените во светот почнаа работата по дома да им ја наплаќаат на своите сопрузи. Додека тие заработуваат 13 евра на час за нега на деца, пеглање, перење, чистење, во Србија се подразбира дека на жените местото им е во кујната.
Сепак, постои пресметка: ако мајките и сопругите во Србија би ја наплаќале својата работа по минимална цена за час, тие би заработиле точно 2.148 евра годишно.
Причината за приказната за тоа е веста објавена во странски медиуми за жена по име Мелиса и нејзиниот сопруг, на кои, според неа, бебето им го сменило животот. Мелиса решила да му наплатува на својот сопруг 13 евра на час за да биде домаќинка. Таа се откажала од својата работа, дала отказ и сега бара покачување од својот сопруг, и тоа јавно, затоа што во меѓусебен договор не успеале да се договорат.
– Работата на жената дома може да се измери со пари. Кога би се пресметувало по минимална цена за труд, која сега според закон изнесува 155,3 динари, а жената во просек дома работи четири и пол часа, тогаш се множи со 155,3 динари, па по 30 дена, тоа би биле 21.000 динари, или 179 евра месечно, 2.148 евра годишно, вели Јованка Стојановиќ од Републичкото биро за статистика за ТВ Прва.
Според неа, од тие четири и пол часа, поголемиот дел од времето жената го поминува во приготвување храна, час и половина дневно, додека мажите тоа го прават 20 минути дневно. Жените на раскревање и чистење дневно трошат еден час, а мажите околу половина час, додека жените пеглаат околу половина час на ден, а мажите речиси и не фаќаат пегла, само една минута на ден. Тие повеќе само работат на поправки низ дома, тука односот е 45 минути наспроти 15 кај жените.
– Направено е истражување во врска со стресот на работата и споредена е работата на брокер и на домаќинка и мајка во домот. Нејзината работа е постресна во некои аспекти затоа што постојано сте на располагање. Тоа е работа што е далеку од рутинска, истакнува психологот Радмила Вулиќ Бојовиќ, додавајќи дека тоа не може да се плати со пари.