Маж денеска околу 13:00 часот се запали откако инвеститори дошле да му ја урнат неговата барака во Нов Белград, спроти трговскиот центар Делта сити, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што дознава Блиц, човекот кој се полил со бензин и се запалил е З.Н., државјанин на Македонија.
Како што пишува овој весник, постара жена, мајка на несреќниот маж, лежела на земја и се удирала со камен во ногата и викала: „Погледнете што направија.“
Според „24седам“, работниците го изгаснале запалениот маж со противпожарен апарат, а потоа продолжиле со демолирање на бараката. Несреќниот човек дошол сам во блиската продавница и молел за помош, а работниците рекле дека глетката била ужасна.
Како што изјавија за 24седам, мажот со ужасни изгореници со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.
Како што соопшти МВР брзата помош во болница пренела маж кој денеска се здобил со повреди во Нов Белград, за кои се претпоставува дека се здобиени со самозапалување.