Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека рано утринава околу 4 часот во хотел во Ниш зад грб го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ и го удрил повеќе пати во пределот на главата.

-Бјелогрлиќ се залета и го удри во глава Антонијевиќ, тврди извор за „Блиц.рс“.

Антонијевиќ на лицето имал видливи повреди, а според „Блиц“, Бјелогрлиќ е во полиција каде треба да даде изјава за настанот.

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека на почеток од 2016 година му нудел мито за да поддржи еден филм. Режисерот ја објавил преписката со актерот од 2016 година во која се вели дека „би можело да се заработи и 100.000“, а во мејлот се гледа дека Антонијевиќ категорично одбил.

Бјелогрлиќ ги демантираше овие наводи тврдејќи дека преписката е лажирана.