БЛИНКЕН ЈА ЗАВРШИ ДВОДНЕВНАТА ПОСЕТА НА КИНА: Искрена, конструктивна рунда разговори

/ 19.06.2023

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја заврши дводневната посета на Кина со средби со високи кинески претставници.

„Завршена е искрена, конструктивна рунда разговори со раководството на Кина. Односот меѓу САД и Народна Република Кина е многу значаен. Директната дипломатија е најдобриот начин за унапредување на интересите и вредностите на САД и за управување со конкуренцијата одговорно“, напиша Блинкен на Твитер.

За време на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот државен секретар објави дека Вашингтон не ја поддржува независноста на Тајван.


Од истата категорија