Старлинк е животно важна алатка за можноста на Украинците да комуницираат и посебно за комуникации на војската, а во нивните напори да ја одбранат територијата на Украина, изјави денеска за Си-ен-ен американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Изјавата доаѓа откако од нова книга за милијардерот Илон Маск се дозна дека сопственикот на Старлинк неодамна го блокирал пристапот до овој сателитски интернет на полуостровот Крим, за да спречи голем украински напад врз руската морнарица.

– Старлинк е критична во напорите на Украина да ја одбрани територијата и очекуваме оваа технологија да остане и понатаму целосно достапна за Украинците, изјави Блинкен.

Според новата биографска книга за Маск од познатиот американски писател Волтар Исаксон, милијардерот го блокирал пристап до Старлинк и спречил уништување на руската морнаричка база Севастопол во Црното Море, што би предизвикало Русија да се одмазди на Украина со нуклеарно оружје.