Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, пристигна на Блискиот Исток со надеж дека ќе се постигне прекин израелските напади во Газа и на огнот меѓу Израел и палестинската група Хамас.
Блинкен се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси во Каиро, а во текот на денот треба да се сретне и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Израел.
Пред неговото патување, Израел продолжи со нападите во централниот и јужниот дел на Појасот Газа.
Пред пристигнувањето на Блинкен, високиот функционер на Хамас, Сами
Абу Зухри, ја повика американската администрација да изврши притисок врз Израел да ја прекине војната во Газа.
Хамас е подготвен да се вклучи во секоја иницијатива што обезбедува крај на војната“, изјави тој.
Војната влезе во деветтиот месец, а во израелските напади врз Појасот Газа досега загинаа повеќе од 37.000 Палестинци.