САД се длабоко загрижени од одлуката на руските власти да пресудат затвор во траење од две години и осум месеци за опозицискиот лидер Алексај Навални, во замена на условната казна, соопшти денеска државниот секретар Ентони Блинкен. 

-Навални, како и секој руски граѓанин, има права кои следуваат според рускиот Устав, и Русија има меѓународни обврски да ги почитува еднаквоста пред законот и правото за слобода на говорот и слободно собирање, се вели во соопштението. 

-Повторно ја повикуваме руската Влада моментално и безусловно да го ослободи Навални, како и на стотици други руски граѓани кои во изминатите недели беа неправедно задржани само затоа што посегнале по своите права, вклучително правото за слобода на говорот и слободно собирање. 

Се наведува дека Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во 2014 година заклучил дека пресудата против Навални, основа за новата пресуда, била „незаконска и селективна“ и „политичи мотивирана“.  

-Сегашниот процес против Навални, што започна со неговото апсење на 17 јануари, е продолжување на напорите за газење врз неговите права поттиснување на политичкиот плурализам, претходно заклучено и од ЕСПЧ, посочува Блинкен. 

Додава дека додека САД работат со Русија за напредок на американските интереси, Вашингтон е  во тесна координација со сојузниците и партнерите за „Русија да одговара за тоа што не успева да ги штити правата на сопствените граѓани“.