Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини денеска со нов пост за актуелните афери.

– Нова порака од Стејт Департментот: политичките лидери да запрат со мешање во судството.

Лидерите на Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата.

Само останува нејасно кој е тој што корумпираните лидери ќе ги запре да не се мешат во корумпираното судство?

П.с.

Тоа можеби ќе се случи само доколку државниот секретар Блинкен сите ги стави на црна листа, како Мерко – напиша Хајредини на Фејсбук.