БЛИНКЕН ВО КИЕВ: Има охрабрувачки напредок во украинската контраофанзива

/ 06.09.2023

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска е во посета на Киев, изјави дека има многу охрабрувачки напредок во украинската контраофанзива, пренесуваат агенциите.

„Многу јасно се гледа значителниот напредок што го постигнувате сега во контраофанзивата и тоа е многу, многу охрабрувачко“, рече Блинкен на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинските сили започнаа контраофанзива за враќање на териториите окупирани од руските сили.


Од истата категорија